More

    Со купена ски карта во „Ресорт Маврово може бесплатно да се скија во „Олимпискиот центар Јахорина“ во Босна и Херцеговина и повеќето скијачки центри во регионот

    spot_img

    Со купена ски карта во „Ресорт Маврово може бесплатно да се скија во „Олимпискиот центар Јахорина“ во Босна и Херцеговина и повеќето скијачки центри во регионот.

    Претставниците на „Ресорт Маврово“ и „Олимпискиот центар Јахорина“ потпишаа Договор за меѓусебна соработка.

    – Ова значи дека секој што ќе купи ски карта од ресорт Маврово, бесплатно, може да скија 2 дена во „Олимписки центар Јахорина“- велат од „Ресорт Маврово“.

    Покрај договорот со овој центар, „Ресорт Маврово“ вакви договори склучи и со други ски центри во регионот за зимската сезона 2023/24.

    -Скијачите кои купиле сезонската карта за „Ресорт Маврово“ може да скијаат три последователни дена во скијачките центри на „Скијалишта Србије“ – Копаоник, Златибор и Стара Планина, „Олимпискиот Центар Бјелашница и Игман“ и центарот Колашин 1600 на „Скијалишта Црна Горе“. Од друга страна, Олимпискиот центар Јахорина ги обнови договорите за соработка со скијалиштата на Црна Гора, на Словенија и на Романија – велат оттаму.

    „Ресорт Маврово“, меѓутоа нема потпишано ваков договор со скијачкиот центар  Попова Шапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img