More

    Со главите наопаку виселе 3 часа заглавени на ролеркостер

    spot_img

    На панаѓурот во Крандон во американската сојузна држава Висконсин, ролеркостер се заглавил, поради што патниците виселе наопаку во воздух три часа.

    Инцидентот се случил во неделата, а Си-Ен-Ен јавува дека преплашените луѓе морале да чекаат 45 минути за локалните власти да пронајдат противпожарно возило со скали доволно долго за да ги спасат од височина од 30 метри.

    После тоа започнало спасувањето на секој патник поединечно, кое траело со часови.

    „Имаше механички дефект за време на возењето и возилото се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук за локалниот огранок на Си-Ен-Ен.

    На интернет се појавија видеа со спасувачи кои се качуваат до ролеркостерот додека патниците чекаат наопаку. Во спасувањето учествувале десет противпожарни возила, девет возила на брза помош и 50 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img