Со една фотографија ја разлути цела Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски на необичен начин му одговори на претседателот на бугарскиот клуб Славија Софија, Венцислав Стефанов, кој јавно ги навреди македонските фудбалери во пресрет на првиот натпревар од Лигата на нации помеѓу Бугарија и Македонија, додавајќи дека Македонија вчера станала држава и дека Бугарија воопшто не треба да стравува.

– Ние сме 100 проценти фаворити за првото место во групата во Лигата на нации. За што ние овде разговараме? Па, која е бре таа Македонија!? Вчера стана држава… Од кого ние тоа стравуваме? Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри – вели Стефанов за БНТ.

Ристовски на ова одговори со тоа што на Инстаграм објави фотографија од Стефанов, а веднаш до него, како за споредба, објави фотографија од нилски коњ и напиша: „Не викај!“.

Share This Article