More

    Со автомобил удриле три лица, па впериле оружје во нив

    spot_img

    Израелската полиција уапсила две лица откако со автомобил удриле во пешаци во Западен Ерусалим, при што биле повредени три лица, а израелските власти соопштија дека станува збор за терористички напад, објави порталот Њујорк тајмс.

    Двајцата осомничени биле пронајдени откако побегнале од местото и се сокриле во близина на затворена продавница.

    фото: Израелска полиција

    Снимката од инцидентот, снимена со камера за видео надзор и емитувана од израелските медиуми, покажува како автомобил удира тројца Евреи. Две лица излегуваат од автомобилот со пиштол и се чини дека се обидуваат да пукаат, но набргу исчезнуваат од кадарот на камерата.

    фото: Израелска полиција

    Локалната полиција претходно соопшти дека „утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“.

    – Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.

    фото: Израелска полиција
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img