Американскиот рапер Снуп Дог раскажал како кралицата Елизабета Втора му помогнала да не биде протеран од Велика Британија во текот на 1990-тите.
Според НМЕ, Снуп зборувал за кралицата во интервју во кое се присетил на насловните страници на британскиот весник од 1994 година, кога на неговата фотографија пишувало „Избркајте го овој злосторник“.
Тој наслов осамнал затоа што раперот во Америка во тоа време бил обвинет за убиство, а се наоѓал во Британија во склоп на турнејата.
Имено, човекот бил застрелан во Лос Анџелес во 1993 година, а поради тоа Снуп Дог бил уапсен заедно со неговиот телохранител и обвинет е за убиство од прв степен. Обвинението било отфрлено три години подоцна.
Кога биле упатени повици да се врати во САД поради судењето, во негова одбрана застанала лично кралицата.
– Кралицата рече – овој човек не направи ништо во нашата земја, може да остане. Верувам дека Хари и Вилијам ѝ рекле – бабо, те молам пушти го, тој е добар. Ние ја сакаме неговата музика. Кралица, таа ми е миленичка – рекол Снуп Дог.