Снимена е третата верзија на божикната песна Вечниот Бог со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и „Златно славејче”

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Снимена е третата верзија на божикната песна Вечниот Бог со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и „Златно славејче”, информираа денеска од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки”.

„Инструменти, вокали, хорче – мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана. За доживувањата во студио ќе раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скроија генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе се види за само неколку дена“, се наведува во соопштението.

Од Здруженитео информираат дека низ цела држава, во 50 градови и населени места, во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6 јануари ќе чекорат низ улиците.

„Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда. Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица, се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера, каде е претставен целиот настан на Божик. Се поставуваат и божикните пештери и се подготвуваат малите божикни концерти, што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5 јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците“, се додава во соопштението.

Share This Article