Снегот ќе нѐ изненади в сабота или в недела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вистински зимски бран и значителни количини арктички студ се движат кон источна, централна и југоисточна Европа. Најстудено ќе биде за време на викендот и на почетокот на следната недела на југот на Европа, каде силно зимско невреме ќе го зафати Балканот, кое ќе донесе големи количества снег, пишува Severe Weather Europe.

Студениот фронт кој доаѓа од Арктикот прво ќе стаса до Грција, а потоа, од сабота до недела, ќе се засили кон Бугарија, Романија, Молдавија и Украина, каде ќе паѓа повеќе снег. За 36 до 48 часа би можело да наврне околу половина метар снег, а заедно со снегот ќе дува и силен ветер.

Додека температурите на запад на континентот ќе останат речиси нормални, арктичкиот студ ќе ја „смрзне“ источна Европа, особено Балканот. В недела и в понеделник се очекуваат прилично студени утра.

Снежното невреме ќе се прошири во Босна и Херцеговина, во Македонија и во Бугарија, а ќе наврнат од 30 до 50 сантиметри снег.

И метеопрогнозерот Славчо Поповски веќе неколку дена најавува снег во Македонија. На пониските места ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните предели таа понекаде ќе биде и повисока, додека во скијачките центри и на планините ќе се формира снежна покривка дури до 30 сантиметри. Поповски опомеува Македонија пат да не ја изненади долго најавуваниот снежен бран.

Share This Article