СН Осигурителен брокер АД Битола и оваа година ја подолжува традицијата на поддршка на детскиот фестивал „СИ-ДО“, кој ќе се одржи на 28 април во Центарот за култура во Битола.
Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен брокер АД Битола за 27-мото издание на фестивалот се јавува како генерален спонзор на истиот.
„Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот „СИ-ДО“, оваа година одбележува 27 години постоење. Фестивал, кој стана препознатлив бренд за Битола, низ кој во текот на годините своите музички таленти ги покажале голем број на дечиња. Дел од нив веќе се познати и етаблирани музички имиња во земјава, а барем уште толку очекуваме да се афирмираат и да запловат во музичките води токму преку овој фестивал на кој му посакуваме уште многу успешни изданија. Затоа чест и задоволство ни е и овој пат да дадеме поддршка на младите музички таленти и се разбира преку најновото фестивалско издание да поддржиме уште еден музички празник во Битола.“-велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.
Фестивалот го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот битолски педагог и композитор Петар Сидовски. Од почетоците па до денеска веќе се етаблираше во значаен двигател на детската песна на македонската музичка сцена.
„Во сите изминати години од фестивалот СИ-ДО имаат излезено многу хитови кои се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. За успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. И годинава очекуваме успешно издание кое ќе донесе нови хитови. “-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот „СИ-ДО“.