Смртта на порно ѕвездата Софија Леоне се истражува како убиство, тврди нејзината агенција „101 Моделинг“.
Дваесет и шест годишната девојка била пронајдена во несвест во нејзиниот стан претходно овој месец, потврди нејзиното семејство. Агенцијата од Лос Анџелес со која соработувала сега се огласи на социјалните мрежи.
„Да разјасниме, смртта на Софија се истражува како грабеж и убиство. Извесно време нема да бидеме на социјалните мрежи, бидејќи ни е тешко. Но, ги цениме приказните на луѓето кои ја познаваа. Сите се согласуваме дека беше мила, љубезна и нежна. Сите ја сакаме“, напишале од агенцијата на Икс, поранешен Твитер.
Да потсетиме, латиноамериканската актерка ја започнала својата кариера пред да наполни 20 години, а заработила повеќе од милион долари. Почнала да работи во порно индустријата откако агент ја забележал на фестивал во Мајами.
Мајк Ромеро, нејзиниот очув, рекол дека локалната полиција сè уште ја истражува причината за нејзината смрт.
ФОТО: Инстаграм