Сменети двајца извршни директори на М-НАВ, Илир Мемети на местото на Фахрудин Хамиди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје, да изврши смена на двајцата извршни директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски, објави Канал 5, повикувајќи се на владини извори.

Според препораката на Владата на нивно место треба да се изберат Илир Мемети и Милан Кораќ.

Според истите извори, третиот директор Хасим Деар останува на својата позиција.

Инаку, Илир Мемети е кадар на ДУИ, поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна, а сега вработен таму, за кого во 2009 година беше објавен скандал дека на државен трошок ја повел својата сопруга на службено патување во Шпанија, поточно во Мадрид, за што потрошил 8.000 евра од касата на УЦВП.

Share This Article