Игор Смилески од вечерва со решение на Министерот за внатрешни работи е поставен за началник на СВР Охрид. Игор Смилески доаѓа на место на досегашниот контраверзен началаник на СВР Охрид од редовите на СДСМ, кој ќе остане запаматен како началник, во чие време Охрид го сведе во град на подземјето и на полициската преторијанска гарда. Новиот началник Игор Смилески е дел од она професионално крило на СВР Охрид, порано извршувал повеќе функции во СВР Охрид, меѓу кои началник на криминалистичката полиција, а последниот негов ангажман е инспектор за компјутерски криминал. Игор Смилески, воедно е и спортски работник, карате мајстор и носител на црн појас.