Смена на врвот на „Комунална хигиена“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалничката Данела Арсовска ја разреши од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место за в.д. директор е поставен Гоце Трајковски објави Сдк.мк.
Разрешувањето на Мазнева-Николиќ доаѓа три месеци по протестите во „Комунална хигиена“ кога Арсовска ја фалеше дека е храбра жена која се спротивставува на мафијаши. Таа пред четири месеци потпиша менаџерски договор со Град Скопје.

Арсовска тогаш изјави дека Мазнева-Николиќ направила „нешто што мажи не го направиле 30 години“. Градоначалничката рече дека во ова јавно претпријатие луѓе не оделе на работа со години, возеле камиони во Германија, а земале плата.
Арсовска ја назначи Мазнева-Николиќ за директорка на „Комунална хигиена“ лани во јули, на местото на Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

Share This Article