More

    Службите по градовите имаат полни раце работа

    spot_img

    Вкупно 2.037 повици за итни случаи стигнале до ЦУК, Центарот за управување со кризи во изминатиот ден поради зимските услови. Тоа е речиси двојно повеќе од претходниот ден. Снегот им зададе работа на службите во повеќе градови во Македонија.

    Утринава беше укината забраната за товарни возали кај Гостивар-Стража-Кичево и кај Крива Паланка-ГП Деве Баир, но забраните останаа за правецот Прилеп-Македонски брод за возилата потешки од три тони. Патот Прилеп-Витолиште исто така уште не е исчистен. Можни се поситни одрони на патиштата низ земјата, велат од Јавното претпријатие за државни патишта. Во меѓувреме АМСМ обзнани дека забраната за тешки возила е укината за патот Маврово-Дебар и дека патот е пуштен во двете насоки.

    Во општина Чашка расчистен беше патот кон Горно и кон Долно Јаболчиште. И таму снежната покривка била 20 сантиметри, соопштија од ЈПДП „Тополка“. Службите уште се на терен. Ќе се фрла сол и ризла на патот кон селото Врановци. Службите располагаат со два трактори и скипер за чистење на покривката.

    Во Берово синоќа беше ставено во функција новото возило за чистење на снег, а чистењето ќе продолжи и денеска, изјави ЈПКР „Услуга“. Градоначалникот Звонко Пекевски апелираше возачите да не ги оставаат паркирани автомобилите на улиците за да може ефикасно да се чисти снегот.

    Во Малешевијата освен во Берово снежна покривка има и во Пехчево.

    Најмногу снег вчера наврнал во Дебар и во Ѓуриште, покривка од 20 сантиметри. На Попова Шапка биле измерени -10 степени, како најниска температура, додека во Гевгелија биле измерени максимални четири. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14,  во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри,  информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи.

    УХМР соопшти дека утре времето ќе биде сончево и многу студено, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени.

    Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.

    Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img