Сме виделе многу чудни работи во фудбалот, но оваа понуда изгледа уникатна.
Хотелот во Љубљана во кој престојуваше Кристијано Роналдо при неодамнешната посета на португалската репрезентација одлучи да го продаде креветот на кој спиеше суперѕвездата.
Од одделението за односи со јавноста на хотелот потврдија дека креветот е ставен на аукција и дека почетната цена е 5.000 евра. Приходите од продажбата ќе бидат искористени за добротворни цели.
„Бидејќи ова беше прилично посебен и уникатен настан, решивме да го подготвиме истото изненадување во кое ќе можат да учествуваат сите фанови. „Не знаеме кога и дали ќе имаме можност повторно да го угостиме Роналдо во Љубљана“, велат од хотелот.
Дали би го купиле тој кревет?