Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри.

Надојдените реки поплавија дел од површините, на патиштата има одрони поради што делови се затворени, а ветрот во приморскиот дел се зголеми на 120 километри на час.

Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“.

Метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Икс  објави дека невремето предизвикува големи проблеми во крајбрежјето, додека планините се покриени со обилни снежни врнежи.

„На Кредарица паднаа 35 сантиметри снег. На многу места на Централните Алпи паѓа снег. На Вршич паднаа 10 сантиметри“, напиша тој.

За снежни услови на патиштата предупредуваат и од Информативниот центар за сообраќај. Температурата за денеска се прогнозира од два до 13 Целзиусови степени.

Во ноќта меѓу петок и сабота се очекува засилен ветер во крајбрежјето со брзина над 120 километри на час, особено во долината Випава.

Share This Article