Лука Дончиќ, главната ѕвезда на Далас и еден од најголемите играчи во НБА лигата, доби наредба од својот клуб – мора да ослаби! Атлетик пишува дека управата на Маверикс му наредила на Словенецот за време на летниот одмор да го симне вишокот килограми за да биде подготвен за сезоната наесен.
Идеалната тежина на Дончиќ е 104 килограми, а лани по пауза на ЕП, како и претходната со Олимписките игри, тој се врати во Далас многу потежок. Словенечкиот кошаркар качил дури 118 килограми. Затоа Дончиќ и тренерите во Далас маверикс мораа да потрошат многу време и енергија за да се врати на оптималната тежина.
Дончиќ е голем хедонист, кој одморот го користи за луксуз што им е забранет на врвните спортисти. Тој ќе игра за Словенија на претстојното Светско првенство, но од клубот го предупредија дека по летната пауза мора да се врати во САД со „пристојна“ килажа.
Дончиќ е свесен за тоа, па на социјалните мрежи има слики на кои тој напорно вежба.