Словачкиот премиер е надвор од животна опасност по минатонеделниот атентат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“ – соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се опоравува по атентатот, пренесува Ројтерс.

Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сѐ уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.

Министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, во неделата формираше истражен тим, кој ќе утврдува дали напаѓачот бил сам, како што првично се веруваше, или бил дел од група.

Минатата среда 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо. Напаѓачот веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција.

Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор и му се заканува казна од 25 години до доживотен затвор.

Според Ешток и министерот за одбрана Роберт Калињак, нападот бил политички мотивиран, пренесува Актуалити.

Цинтула, наводно, учествувал на неколку антивладини протести и се спротивставувал на прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Share This Article