Слики од празната Плажа на Кралицата во популарниот Свети Стефан во Црна Гора поради тоа што лежалката таму се наплаќа 180 евра дневно, искружија на социјалните мрежи. Луѓето од регионот коментираат дека ваквите цени се повисоки од оние 100 евра дневно што би ги платиле за лежалка на Мајами Бич во Флорида во САД.
– Таа мала плажа на Кралицата, беше затворена дење и ноќе. Сега таа плажа е отворена, но отворена е така што од осум наутро до осум навечер имаат посебен режим. Моравме да се согласиме на тоа – изјави претседателот на месната заедница Свети Стефан, Владислав Митровиќ.
Луѓето не престануваат да коментираат дека нивната омилена дестинација станала „плажа на духови“:
„Оваа плажа е олицетворение на стереотипот на Црногорците кои сакаат да работат што помалку и да заработуваат што е можно повеќе“, „За лежалки за 180 евра дневно, можам да одам со авион до Куба, во хотел со 5 ѕвезди , но ако мислат дека плажата вреди повеќе од одмор во Куба, тогаш ок“, „Жал ми е што вакви лежалки не се шират низ цела Црна Гора. Зошто да не заработуваме секаде“, беа. некои од коментарите на објавата.
Свети Стефан е едно од полуксузните места за летување во Црна Гора, а за прошетка на самиот полуостров ќе ви требаат 25 евра. Влезот за деца до 12 години е бесплатен. Во зима влезот ќе чини 10 евра.