Следува одмазда кон напаѓачот кој го избоде бискупот во Сиднеј?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Напаѓачот, кој во понеделникот избоде бискуп за време на богослужба во црква во Сиднеј, на ново видео се смее при апсењето, а видеото може да се погледне на порталот Сан.

На шокантната снимка се гледа како 15-годишниот напаѓач се смее додека верниците и полицијата го држат на подот на црквата.

 

Бискупот Мари Емануел е избоден со нож во понеделникот околу 19 часот по локално време додека проповеда во црквата „Христос добриот пастир“ во Вејкли, западно од Сиднеј.

Напаѓачот потоа повредува уште 4 присутни лица.

Проповедта e емитувана во живо на Јутјуб каналот на бискупијата.

Забележан е човек облечен во темен дуксер како мирно му приоѓа на бискупот. Ненадејно се затрчува и неколкупати со нож го боде, бискупот паѓа наземи, а храбрите верници скокнуваат од своите места и го бркаат напаѓачот.

На новата снимка, може да се види како напаѓачот се смешка во камерата додека го држи црковник чии фармерки се извалкани со крв.

Медиумите јавуваат дека присутните го совладале и го држеле на подот додека не дојде полицијата.

- Advertisement -
Ad image

Бискупот Емануел, кој има огромен број следбеници на социјалните мрежи, е итно пренесен во болница.

На улиците околу црквата избувнаа немири додека разбеснетата толпа сакаше да го фати напаѓачот. Локалната полиција беше принудена да употреби солзавец против гневните жители. На снимките од немирите објавени на социјалните мрежи се гледаат граѓани, кои протестираат, како фрлаат шишиња и цигли кон полициската бариера.

 

- Advertisement -
Ad image

– Око за око – се слуша на снимката, што може да алудира на можна одмазда.

Австралиската полиција допрвин треба да го потврди идентитетот на напаѓачот.

Ова е втор напад со нож во Сиднеј по само 48 часа откако Џоел Кочи (40) убива 5 жени и 1 маж во трговскиот центар „Бонди“ во источниот дел на градот.

Share This Article