More

    Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран во сабота и ги разгледува своите следни чекори

    spot_img

    Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран во сабота и ги разгледува своите следни чекори, објави Тајмс оф Израел.

    – Додека гледаме напред, ги разгледуваме нашите чекори и ова лансирање на толку многу ракети, крстосувачки ракети и дронови на територијата на Израел, ќе наиде на одговор – изјави генерал-полковник Херзи Халеви, началник на Генералштабот на израелските одбранбени сили.

    Лидерите на седумте најразвиени земји во светот се обединети во нивната осуда на нападот на Иран врз Израел. Светските лидери го повикуваат Израел да не се одмаздува откако Иран лансираше повеќе од 300 проектили врз Израел, а Велика Британија, заедно со САД, Франција и Јордан, помогнаа во соборувањето на ракетите и беспилотните летала испукани врз Израел во саботата.

    Некои медиуми цитирајќи неименувани извори објавија дека Тел Авив веќе донел одлука за напад, којшто може да се случи многу брзо. Додека израелските медиуми пишуваат дека намерата е нападот да биде во координација со САД, властите на САД тврдат дека нема да учествуваат во нападот, објавува Еј-Би-Си њус.

    Министерот за одбрана на Израел, Галант, во последниот разговор со американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, рекол дека Израел нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад.

    Британскиот премиер Риши Сунак, во обраќањето пред Долниот дом со критики кон Иран, рече дека Израел се покажал во „вистинско светло“, но дека сојузниците работат за да ја „деескалираат“ ситуацијата.

    – Тоа беше непромислена и опасна ескалација. Ако успееше, последиците за регионалната безбедност и за израелските граѓани ќе беа катастрофални. Но, господине претседателе, тоа не успеа. Kако поддршка на сопствената одбранбена акција на Израел, Обединетото Кралство се приклучи на меѓународните напори предводени од САД, заедно со Франција и со партнерите во регионот, кои ги пресретнаа речиси сите проектили што спасија животи во Израел и во соседните земји. Испративме дополнителни сили во регионот, како дел од нашите постоечки операции против Исламска држава во Ирак и во Сирија, и можам да потврдам дека нашите сили уништија голем број ирански беспилотни летала. Обезбедивме и важна разузнавачка, надзорна и извидувачка поддршка за нашите партнери – рече Риши Сунак.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по средбата со ирачкиот заменик премиер, Мухамед Али Тамим, ја истакна координираната акција на сојузниците која спречи екскалација на конфликтот.

    Како што му нагласи претседателот Бајден на премиерот Нетанјаху, САД се посветени на одбраната на Израел. И мислам дека она што се покажа овој викенд е дека Израел не мораше и не мора сам да се брани кога е жртва на агресија. За 36 часа оттогаш, ние во координиран дипломатски одговор спречивме ескалација, силата и мудроста треба да бидат испратени на истите страни, на различните страни на истата монета. Во блиска комуникација со колегите во регионот и ние ќе продолжиме да го правиме тоа во часовите и во деновите кои следат, не бараме ескалација, но ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Израел и да го штитиме нашиот персонал во регионот – рече државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

    Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи рече дека неговата земја не се обидува дополнително да ги ескалира регионалните тензии, по невиден напад со проектили и беспилотни летала против Израел.

    – Нашиот совет до сите поддржувачи на криминалниот ционистички режим е да го ценат одговорниот и одмерен чин на Иран и да го одвратат ционистичкиот режим од извршување на повеќе зли дејствија кои би донеле до непроценливи последици за самиот режим повеќе од кој било друг, наместо да го користат несоодветни обвинувања за Иран – рече портпаролот на иранското МНР, Насер Канаани.

    Иранскиот напад следи по помалку од две недели по израелски напад во Сирија, во кој загинаа двајца ирански генерали. Ова беше првпат Иран да започне директен воен напад врз Израел и покрај децениското непријателство кое датира од 1979 година. Тензиите меѓу двете држави се зголемија во текот на шестмесечната израелска војна против Хамас и Исламски џихад, две милитантни групи поддржани од Иран во Појасот Газа.

    Војната избувна откако Хамас извршија напад на 7 октомври во кој загинаа 1.200 луѓе во Израел и киднапираше 250. Според локалните здравствени власти, во израелската офанзива во Газа загинаа повеќе од 33.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img