Следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени Целзиусови.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветар од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени Целзиусови.

Share This Article