More

    Следи намалување на цената на прехранбените производи, донесен е Законот за нефер трговски практики

    spot_img

    Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на прехранбените производи, е изгласан на денешната собраниска седница.

    Со усвојувањето и примената на законот, како што посочуваат од Министерството за економија, кое е предлагач на законското решение, се очекува да се влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на зголемување на квалитетот на производите.

    – Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика – информираат од Министерството за економија.

    Според ресорното министерство, законот треба да донесе позитивни ефекти во работењето на добавувачите, купувачите и сите други оператори во различните фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

    Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената.

    – Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде што рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените – се вели во соопштението на ресорното Министерство за економија.

    Дополнителна надлежност, согласно усвоеното законско решение, добива и Комисијата за заштита на конкуренција која во првите шест месеци од стапувањето во сила на Законот ќе треба да ги усогласи сите нејзини акти и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола согласно одредбите наведени во законот.

    – Комисијата за заштита на конкуренцијата за првпат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји членки на ЕУ во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија – додаваат од Економија.

    За непочитување на одредбите од законот за забрана на нефер трговски практики засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img