More

    Славните ѕвезди ја красат насловната на „Пипл“, луѓето ја нападнаа со критики

    spot_img

    Магазинот „Пипл“ ја објави насловната страница на Инстаграм по повод 50-тото издание на која позираат бројни ѕвезди, а луѓето почнаа да ги исмеваат во коментарите поради лошиот фотошоп.

    Џенифер Анистон, Дру Баримор, Вајола Дејвис, Мајкл Џеј Фокс, Двејн Џонсон, Никол Кидман, Џон Леџенд, Метју Меконахи, Серена Вилијамс, Опра Винфри и Рис Витерспун се ѕвездите коишто ја красат насловната страница на списанието што предизвика многу коментари.

    „Премногу фотошоп или?“, „Анистон изгледа двојно помлада“, ​​„Сите се фотошопирани, немаат ниту една брчка“, „Ова е навистина лош фотошоп“, „Можевте барем да ги фотографирате заедно во иста соба“, „Ајде луѓе, овие фотографии со вештачка интелигенција се ужасни“, „Сè беше во ред додека не видов како изгледа Опра“ и „Дали се овие фотографии со вештачка интелигенција направени? Ова не може да биде реално“, се нижат коментарите покрај фотографијата со славните ѕвезди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img