More

    Промоција на две книги од Васко Шутаров

    spot_img

    „Со зрно сол. И парче локум“ (карантински колумни) и „Кога Татковината станува чедо, а вистината борба“ се двете книги на Васко Шутаров – политиколог, поранешен пратеник и дипломат, колумнист и универзитетски професор, кои ќе бидат промовирани утре – 26 мај (20 часот), во Гевгелија. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ во рамките на богатата културна програма по повод чествувањето на заштитникот на Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден, а во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија и под покровителство на Општина Гевгелија.

    Во рецензијата за неговата збирка карантински колумни, Елка Јачева-Улчар ќе запише дека она што остава посебен впечаток во колумните на Шутаров е неговата синтакса по која е препознатлив неговиот стил.

     

    „Токму реченичниот редослед е она што ја прави раскажувачката постапка на Шутаров особена и впечатлива, а на неговото четиво му дава извесен динамизам што придонесува кон тоа актуелните и мудри колумни на овој автор да се читаат во еден здив или кажано метафорично: како чашка жесток (интелектуален) пијалак, испиен одеднаш до последна капка“, меѓу другото ќе посочи Јачева-Улчар. Таа додава дека авторот е доктор по политички науки и со значаен број активно поминати години во политиката, како парламентарната така и дипломатската. Токму во тој контекст, посочува, и неговиот интерес за актуелните политики на меѓународен и на домашен план, е сосема разбирлив. Читајќи ги неговите колумни, разбирам дека неговото „вјерују“ е, сепак културата. И кога пишува за актуелни политички настани, за здравствени проблематики, за еколошки или за образовни проблеми, а посебно за неговите омилени теми поврзани со креирањето културни политики и културна дипломатија, рамката за негова опсервација е секогаш културолошкиот контекст на случување на нештата. И од таа рамка, изнедруваат сознанија кои можат несомнено да бидат не само корисно четиво за читателите на неговите колумни, туку и корисен потсетник за сите кои во моментов или во иднина ќе креираат политики“, истакнува Јачева –Улчар, која заедно со Бранко Цветкоски и Ирина Димовска во Гевгелија ќе биде промотор на неговите збирки колумни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img