Славниот рокер ги налути присутните во ОН

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славниот рокер Роџер Вотерс, басист во британскиот бенд Пинк Флојд ги изненади присутните во Обединетите Нации велејќи дека војната во Украина е испровоцирана, пишува Би-Би-Си. Тој се обрати на видео заедно со своето куче од домот во Швајцарија, а на претходно барање на Русија, откако даде едно интервју во германски весник каде го пофали Владимир Путин.

А во ОН Вотерс изјави:

– Руската инвазија на Украина не беше неиспровоцирана, затоа и јас најостро ги осудувам провокаторите.

Оваа изјава дојде откако во претходна реченица рокерот ја осуди „незаконската окупација на Украина“. Всушност, на овој начин, Вотерс ги осуди и окупацијата, но и „провокаторите“. Тој побара и прекин на огнот.

Неговиот говор не им се допадна на присутните.

Украинскиот амбасадор Сергиј Кислица го нарече говорот на Вотерс „уште една тула во ѕидот“ од руски дезинформации.

Но, според самиот Вотерс, тој не ја претставува Русија и нејзиниот став, туку ставот на „околу четири милијарди браќа и сестри“ кои се мнозинство од населението на Земјата.

– Па, што имаат да кажат милионите без глас? Тие велат „Ви благодариме што нè слушнавте денес“. Ние сме од многуте луѓе кои не го делат профитот на воената индустрија – изјави Вотерс велејќи дека зборува во нивно име.

– Тие четири милијадри луѓе би рекле дека „Ние не ги воспитуваме нашите синови и ќерки за доброволно да обезбедуваат сточна храна за вашите топови“ – додава тој.

- Advertisement -
Ad image

За рокерот еднакво се важни животите на секој Украинец и на секој Русин.

– Според нашето мислење, единствената разумна работа што може да се напрви денес е да се повика на итен прекин на огнот во Украина. Ниту еден живот на Укранец или на Русин не смее да биде потрошен, ниту еден, сите тие се скапоцени во нашите очи.

Рускиот амбасадор  во ОН, Василиј Небензја, го пофали говорот на Вотерс и неговата „многу прецизна анализа на настаните“ и го повтори своето верување дека Западот води војна против неговата земја.

- Advertisement -
Ad image
Роџер Вотерс од Пинк Флојд, фото: твитер/принтскрин

Но, американскиот заменик-амбасадор за рокерот рече:

– Признавам дека тој има импресивни ингеренции како музичар. Но, не ми се толку очигледни неговите компетенции да ни зборува како експерт за контрола на оружјето или за европските безбедносни прашања.

Украинецот Кислица во својот одговор кон рокерот Вотерс се повика на стиховите на Пинк Флојд, истакнувајќи дека бендот некогаш бил забранет од Советскиот Сојуз поради протестите против советската окупација на Авганистан во 1979 година.

– Иронично е, ако не и лицемерно, што г-дин Вотерс сега се обидува да варосува уште една инвазија – изјави Кислица.

Ставовите на Вотерс го раздрмаа и самиот Пинк Флојд. Тој се скара со пејачот и гитарист Дејвид Гилмур и останатите членови на бендот затоа што лани тие објавија песна за поддршка на Украина.

Во своето интервју за Берлинер цајтунг, Вотерс за песната рече:

– Мислам дека е навистина, навистина тажно. Издавањето на песната го охрабрува продолжувањето на војната. Пинк Флојд е име со кое порано се поврзував… Да го поврзам тоа име сега со нешто како оваа прокси војна ме прави тажен.

Како одговор на таа изјава и прогласите на Вотерс за Израел во последниве години, сопругата на Гилмур, Поли Самсон, оваа недела твитна дека Вотерс е „апологет на Путин“, како и „скапан антисемитист до с’рж“.

Гилмур ја поддржа изјавата на неговата сопруга, додавајќи:

– Секој збор е вистинит.

Односите во Пинк Флојд дополнително се влошуваат. Вотерс неодамна тврдеше дека го преснимил албумот „Темната страна на месечината“ за да докаже дека тоа не е заеднички проект, туку дека тој напишал најголем дел од песните, тврдејќи дека другите членовите Гилмур и Рик „не можат да пишуваат песни, затоа што немаат што да кажат“.

Share This Article