More

    Славниот режисер изненади многумина со својот став

    spot_img

    Американскиот режисер и сценарист, 74-годишниот Оливер Стоун во екот на руската инвазија на Украина јасно стави до знаење на чија страна е. Трикратниот оскаровец во последните години не ја крие својата наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин, за кого сними и документарен филм.

    Станува збор за четиричасовен филм „Интервјуа на Путин“, кој го снимал од јули 2015 до февруари 2017 година, поради што добил дозвола од Путин да ги следи во чекор и да снима додека извршува секојдневни активности.

    А, се чини дека тие двајца тогаш мошне се зближиле, бидејќи Стоун сега на социјалните мрежи ја коментираше војната во Украина и понуди неколку „анализи“ кои одат во корист на Русија. Режисерот смета дека треба да се согледа „поширокиот контекст на руската инвазија на Украина“.

    Тој тврди дека западните медиуми хистерично пристапуваат на целата ситуација во Украина и дека многу гласно се жалат на постапките на Владимир Путин, додавајќи дека ги испуштаат клучните информации кога тие, како што вели, не им одговараат. Потоа навел четири текста од светските медиуми за кои смета дека се искрени анализи на ситуацијата во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img