Ѕвездата од „Peaky Blinders“ Бенџамин Зефанија починал во раните утрински часови, осум недели откако му бил дијагностициран тумор на мозокот.
Британскиот поет и писател Бенџамин Зефанија почина на 65-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Во изјавата споделена на социјалните мрежи, неговото семејство наведе: „Со голема тага и жалење ја објавуваме смртта на нашиот сакан сопруг, син и брат во раните утрински часови.
Сопругата на Бенџамин цело време била покрај него и била со него кога починал.
„Го делевме со светот и знаеме дека многумина ќе бидат шокирани и тажни од оваа вест. Бенџамин беше вистински пионер и иноватор. Тој му даде толку многу на светот. Низ неверојатната кариера која вклучува огромен број песни, литература, музичка телевизија и радио, Бенџамин ни остава радосно и фантастично наследство“, додава семејството, пренесе „Дејли мејл“.