Роберт Дауни помладиот (57) имал само шест години кога го направил „првиот чекор“ кон хаотичниот пат на зависности од дрога. Татко му, Роберт Дауни постариот прв му дал џоинт во раце.
Роберт Дауни постариот играл покер со пријателите во нивната семејна куќа во Њујорк. Во еден момент забележал како Роберт помладиот зема бело вино и го точи во чашата. За да не пие алкохол, Роберт Дауни постариот му ја зел чашата и наместо вино му дал џоинт.
– Седевме во куќата, пушевме „трева“ и игравме покер, а Роберт ме гледаше некако чудно, тој отсекогаш ги набљудуваше луѓето, дури и како дете. И тогаш му дадов трева да проба наместо да пие вино. Му дадов џоинт и одеднаш сфатив каква страшна грешка сум направил, давајќи му малку трева за да го расположи“, изјавил Дауни постариот своевремено за „Венити фер“.
Неодамна на Нетфликс беше објавен нов документарец за животот на Роберт Дауни постариот и синот Дауни помладиот. Во документарецот, познатиот актер се осврна и на темата за дрогата и алкохолот, со кои имал големи проблеми во возрасната доба, а неговиот татко дури тогаш сфатил дека направил голема грешка кога на својот син во чувствителна возраст му дал џоинт.
Исто така, Роберт Дауни помладиот во новиот филм зборуваше за своето турбулентно детство, каде споменува како морал да гледа филмови за возрасни. Таткото, режисерот Роберт Дауни постариот го терал да глуми во пародиите што ги снимал и тоа додека имал само пет години. Во семејството каде што пораснал, признал актерот, сите консумирале дрога.