Американската пејачка Тејана Тејлор се разведува од Иман Шумперт.
Раперот Канје Вест пред неколку години го објави спотот за песната „Fade“ во која главната улога ја играше Тејана Тејлор.
Тејана беше модел, која по ова појавување во спотот, како гола жена-мачка, успеа да направи своја музичка кариера. Во истото видео кое за помалку од 24 часа имаше десетина милиони прегледи на Јутјуб, се појавува и кошаркарот Иман Шумперт, сопругот на убавата Тејана од која сега се разведува!
Американските медиуми пренесуваат дека „по години напор и труд“, Тејана решила да стави крај на бракот со кошаркарот. Таа поднела барање за развод во судот во Лос Анџелес, во кое открила дека нејзиниот сопруг бил насилник кој „се однесувал сурово кон неа и покажувал екстремно нарцисоидно однесување за време на бракот“.
Тејлор, која беше во брак со Шумперт седум години и имаат две деца, додала дека во текот на бракот трпела „понижувачки и манипулативни пораки за нејзината кариера“ од пензионираниот кошаркар, особено откако нејзината кариера почнала да расте, а тој станувал сè побесен“.
Тејана во судските документи навела и дека сопругот неколкупати ја изневерил во текот на бракот, поради што бара целосно старателство над нивните деца.
Вака изгледаше Тејана во спотот на Канје Вест: