Славната пејачка му кажа „да“ на 17 години постариот туристички водич за алигатори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Само месец дена откако се откри дека е во врска со 56-годишниот Џереми Дуфрен, пејачката Лана Дел Реј (39) се омажи за него. Како што пишува „Дејли мејл“ парот направи брачна церемонија во заливот во Луизијана, истиот залив каде што Дуфрен ги организира своите популарни тури со брод на мочуриштата.

На фотографиите коишто ги објави „Дејл мејл“ се гледа пејачката којашто оди кон олтарот со букет во рацете. Лана била облечена во венчаница во стилот на стариот холивудски гламур од златната ера, а косата и била собрана во пунџа украсена со панделка, додека Дуфрен носел црн костум.

Венчавката и приемот биле одржани на јавното пристаниште, со многу маси поставени под белиот шатор, а сестрата на Лана, Каролин Грант и братот, Чарли Хил – Грент беа присутни на церемонијата.

Ова е прв брак на Лана, а втор за Џереми. Венчавката се одржа само неколку часа откако ТМЗ објави дека Лана и нејзиниот нов сопруг ја добиле дозволата за венчавка, во понеделник – 23 септември. Парот неодамна беше забележан во јавноста, и тоа на венчавката на манекенката Карен Елсон и Ли Фостер.

Сопругот на Лана е татко на две деца, којшто работи како капетан и водич во „Airboat Tours by Arthur“. Тоа е агенција која им овозможува на туристите да се возат со чамци по мочуриштата во Луизијана, а коишто се преполни со алигатори, јастреби и птиците – чапји коишто живеат во тој предел. Според пишувањата на медиумите, Џереми е исто така голем љубител на алигатори.

Инаку Лана и Џереми се запознале во 2019 година, кога таа била во туристичка посета на мочуриштата.

Share This Article