Германскиот супермодел Хајди Клум (50) на својот профил на Инстаграм објави фотографии од младоста.
Хајди на Инстаграм објави компилација од фотографии од почетокот на кариерата, а како што може да се види од прилозите, ретко кој можеше да претпостави дека оваа млада девојка ќе стане една од најплатените модели.
„Овие фотографии беа апликација за натпревар за модели во 1992 година“, напишала Хајди и рекла дека дотогаш фотографиите биле во подрумот на нејзината мајка.
Хајди позирала во неколку костими за капење, а интересно е да се види дека манекенката на фотографиите ја нема нејзината препознатлива руса коса. Тогаш Хајди имала долга кафеава коса.
Заедно со фотографиите на кои позира, популарната манекенка објави и фотографија на која има 16 години.
Карин, пријателка на Хајди, ја убедила да се пријави на моден натпревар, чии победници учествувале во тогаш познатото ТВ шоу на Томас Готшалк. Хајди се согласила и победила на натпреварот од 25.000 натпреварувачи и ѝ бил понуден договор вреден 300.000 долари. Таа ја прифатила понудата, ја започнала кариерата како модел и го прекинала образованието.