More

    Славната двојка во оргинално издание на модната ревија во Париз

    spot_img

    Дејвид и Викторија Бекам се појавија во Франција на ревијата на брендот „Jacquemis“ во Версај. Славната двојка на ревијата простигна на оргинален начин пловејќи со чамец по езерото од кој имаа најидеален поглед на сцената. Модната дизајнерка и поранешниот фудбалер во градот на љубовта и светлината изгледаа позаљубени од било кога.

    Нивното возење со брод се претвори во мини-романтичен состанок, цело време тие се држеа за рака додека разменуваа слатки насмевки. Камерите уловија и еден интересен момент кога Дејвид ја стави раката на задникот на сопругата, со насмевка на лицето.

     

    Фотографијата брзо се прошири по социјалните медиуми и покрена симпатични коментари. „Страста меѓу нив со годините не го изгубила својот интензитет“, забележаа нивните следбеници. Некои се пошегуваа со фудбалерот и порачаа на Дејвид Бекам дека е „непослушен“ и „стар мангуп“.

    Викторија за модната ревија во Версај избра бледо розев асиметричен фустан и големи очила за сонце, а Дејвид носеше ленени панталони во беж боја, блејзер и атлетска маица. И додека Дејвид класичните чевли ги замени со сандали, Викторија, сосема спротивно, носеше долги чизми.

    Ова е фустан од нејзината нова колекција, со кој Викорија  уште еднаш докажа зошто сама си е најдобрата реклама.

    Очилата за сонце беа нејзиниот препознатлив стил со текот на годините. Модната дизајнерка го комплетира изгледот со една од чантите од нејзиниот бренд, во синозелена боја со златни детали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img