Славески повика партиите да не тераат популизам

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потписи за одржување на вонредната седница за загадување предложена од СДСМ не биле собрани во Советот на Град Скопје, информираше претседателот на Советот, Трајко Славески. Тој во соопштение побара на широка државна акција во врска со проблемот и ги повика партиите да не тераат популизам.

Истовремено Славески добил одговор од Град Скопје за ова прашање во кој се вели дека градот веќе спроведува мерки за загадувањето, а дека на другите државни институции е да реагираат соодветно на проблемот.

„Во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од кабинетот на градоначалникот добив писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе презема голем дел на среднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух“, пишува Славески во соопштението и додава:

„Во исто време сум должен да напоменам дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со Деловникот на Град Скопје и нема услови за свикување на истата“.

„Како прв меѓу еднаквите во Советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чувствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град. Апелирам на соодветна државна реакција, каде ќе биде имплементирана координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот која подеднакво сите не засега“.

Share This Article