Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5.49 часот е регистриран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот е на 8 километри северозападно од Скопје, на границата меѓу Македонија и Косово, на длабочина од 8 километри.