More

    Скоро 100.000 спасувачи и медицински персонал распоредени во Турција

    spot_img

    „Трет ден по разорните земјотреси што во понеделникот на 6 февруари го погодија јужниот дел на Турција, бројот на жртвите се зголемува. Според последните податоци на Управата за вонредни ситуации (АФАД), во земјотресите во Турција загинале 7.108 лица , додека 40.910 се повредени“, соопшти Амбасадата на Турција.

    Во десет турски провинции опустошени од земјотресот во моментов се распоредени 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал.

    Според податоците на АФАД, поставени се 70.818 семејни шатори со 123.395 кревети и 300.000 ќебиња. Поделени се 512.436 топли оброци, 322.264 порции супа, 490.813 литри вода, 406.040 лебови, 1.314.730 безалкохолни пијалоци, 16.700 чаеви, 151.715 други пијалоци.

    Во моментов на терен има 5.434 возила, меѓу кои се ангажирани багери, трактори, дигалки, камиони, 122 авиони и 10 бродови. Воспоставен е воздушен лифт за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до погодениот регион.

    Континуирано се прават напори за потрага по преживеани во урнатините. Утрово спасувачите успеале да ја спасат мајката Хатица (46) и нејзините ќерки Елиф (12) и Ајџа Текин (10) од урнатините на петкатница во Адијаман, Турција. Двомесечно бебе е извлечено од урнатините во градот Елбистан во Кахраманмарас, дури 48 часа по земјотресот. Во центарот на Кахраманмарас под камените блокови беше извлечено двегодишното момче Микаил.

    Скоро 70 земји ширум светот ги понудија своите спасувачки услуги, од кои 5.309 се веќе на терен.

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган од утрово е во посета на регионите на југот на земјата.

    Разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди јужните провинции на Турција и северните погранични области на Сирија вчераутро, во 4:17 часот по локално време. Најмногу настрадаа јужните турски провинции Кахарамнараш, Хатај, Османије, Адијаман, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана. Истиот ден, во попладневните часови, во 13 часот и 24 минути по локално време, според податоците на АФАД, Турција беше погодена од нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас, амбасадата се вели во соопштението на Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img