Во изминатите 24 часа, скопската полиција е во интензивна потрага по тројца малолетници кои се оддалечиле од своите домови и установа.
Првиот пријавен случај се однесува на 14-годишниот И.И. од Битола, штитеник на Јавната установа за згрижување деца во Карпош. Според пријавата поднесена вчера околу пладне, момчето кое и претходно имало тенденција да се оддалечува, повторно го направило тоа.Само неколку часа подоцно, во Полициското одделение Шуто Оризари, пријавено е исчезнувањето на 15-годишниот М.Ш. од Скопје. Неговиот дедо, Н.Ј., изјавил дека и овој тинејџер претходно се оддалечувал од домот, но секогаш бил пронајден и вратен.
Последниот пријавен случај се случи во ноќните часови, кога 36-годишната Е.Т. пријавила дека од домот ѝ исчезнала 16-годишната ќерка, А.Т.
Полициските службеници веднаш по пријавите презеле интензивни мерки за пронаоѓање на исчезнатите малолетници. Тие пребаруваат теренот, комуницираат со семејствата, пријателите и познаниците на децата, како и со сите релевантни институции.