More

    Агелер ја поздрави најавата на идниот премиер дека ќе го користи уставното име при заклетвата

    spot_img

    Американската амбасадорка Анџела Агелер ја поздравува најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на идната влада Христијан Мицкоски дека при заклетвата како иден премиер и во настапите во странство ќе го користи уставното име на државата.

    Во интервју за „360 степени“, Агелер изразува надеж дека неговиот пример ќе го следат и сите министри.

    – Ќе кажам дека беше разочарување за раководството во Вашингтон кога претседателката реши да не го употреби уставното име на земјава при давањето заклетва и, искрено, тоа што идниот премиер и министри ќе го направат, е нешто што го поздравуваме. Како што разбирам, Деловникот на Собранието е сменет за да се вклучи и тоа (уставното име) и воодушевена сум што тоа го гледам, и сум многу задоволна и го поздравив неговиот јавен настап од пред некоја вечер, во кој тој рече дека ќе го почитува уставното име на земјата при давањето заклетва – вели Агелер.

    Од идната влада очекува колку што може побрзо, да ги испорача ветувањата дадени за време на изборната кампања.

    – Очекувам да видам како тие, а така ќе беше за која било влада која ќе дојдеше на власт, дали на реториката од кампањата и дадените ветувања ќе одговорат со конкретни дела. На крајот, како политичка партија и влада ве судат според вашите дела наспроти предизборните ветувања кои, искрено, можат да го покријат целиот спектар на политиката во време на избори – вели Агелер во интервју за „360 степени“.

    Собраниската седница за избор на новата влада почнува во сабота, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека при заклетвата ќе го употреби уставното име на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img