Скопјанка сведочи за мачните часови пред да го фати авионот од Тел Авив

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почна изненадно. Беше нормален ден, завршив со работа, имав планови за наредниот ден. Сабајлето околу 6 часот слушнавме пукотници и аларм… Објавија војна, раскажува скопјанката Теодора Г. која го преживеа изненадниот напад на Хамас на Тел Авив и се врати во Скопје.

Младата девојка која во Израел престојувала седум месеци, брзо по почетокот на нападите успеала да го напушти Тел Авив и со еден од летовите на Ер Србија преку Белград, вчера успеала да се врати во Македонија.

– Многу летови беа откажани, српската компанија беше една од ретките што леташе. Најдов билет за Белград во 6 часот сабајле. Ме фати паника во целата таа мешаница. Сакав само да тргнам и да се вратам дома. Некако успеав да добијам такси и да стигнам до аеродром. Бев сама и мислам дека бев единствена од Македонија на тој лет. Дел од моите пријатели останаа во Тел Авив – вели Теодора.

Неизвесност, пукотници, алармот за опасност, постојаните вести за тоа што се случува во нападите ги направиле уште потешки часовите на исчекување пред летот.

– Не знаете што ќе се случува. Пријателката на моја колешка исчезна. Била на концертот што беше мета на еден од нападите. Немаше никаква информација дали преживеала. Многумина што ги познавав беа мобилизирани, власта објави војна. Се слушаа пукотници и сирени. Овде бев 7 месеци добро се снајдов, но по нападот сакав што побрзо да заминам. Се јавив и во македонската амбасада да прашам што ако немам како да си одам. Ми рекоа да ги контактирам и дека ситуацијата не е до толку излезена од контрола. За среќа, се снајдов сама и стигнав дома. Кога стигна упатството со препораки, јас веќе бев дома – со олеснување раскажува Теодора за неколкуте мачни часови додека се обидувала да излезе од Тел Авив.

Според нејзините сознанија, покрај група туристи од Македонија, во Тел Авив и во околните предградија живеат и работат околу триесетина Македонци.

– Има туристи, но и доста Македонци што живеат таму. Десетина лично ги знам, мислам дека се околу 30 сигурно во Тел Авив. Повеќето од нив останаа таму. Не знам што ќе се случува – вели Теодора.

Тензиите и нападите во Израел и во Појасот Газа трет ден продолжуваат со силен интензитет. Според последните информации, повеќе од 700 израелски граѓани загинаа во ракетните напади додека околу 2.300 се хоспитализирани, а најмалку 150 лица се заробени од војската на Хамас.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article