28-годишна скопјанка пријавила дека ја нападнал поранешниот свекор, а притоа ѝ го оштетил возилото во кое во тој момент биле нејзините малолетни деца, кои биле повредени.
„Во понеделникот навечер во 23.00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор А.Д., кој го оштетил и нејзиното возило во кое биле нејзините малолетни деца, кои се здобиле со повреди“, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.