More

    Скокнале да си го спасат детето, добиле срцев удар

    spot_img

    Татко и дедо на девојче, кое паднало во хотелски базен во Австралија, се удавиле откако скокнале во водата за да ја спасат. Иако набљудувачите набргу ги извлекле од водата и се обиделе да ги оживеат додека не дошла брзата помош, и двајцата доживеале срцев удар и починале на местото на настанот, пренесува порталот Сан.

    38-годишниот Дармвир Синг и 65-годишниот Гурџиндер Синг изгубиле свест додека се обидувале да ја спасат својата двегодишна ќерка и внука која си играла покрај базенот на покривот на апартманите „Top of the Mark Holiday“, се лизнала, па паднала во водата.

    По неа нурнала и нејзината мајка, која не знаела да плива, што ги натерало Дармвир и Гурџиндер да им помогнат. Двегодишното девојче и неговата мајка итно се пренесени во болница и се во стабилна состојба.

    Семејството наводно отпатувало на одмор во Голд Коуст во Австралија.

    Службеникот од брзата помош во Квинсленд Мичел Вер рече дека сцената била исклучително емотивна.

    – Не изгубија само еден, туку двајца членови на семејството. Овие инциденти можат да имаат долгорочни последици, не само за вклучените членови на семејството, туку и за луѓето кои биле на местото на настанот – додаде тој.

    Плачот на ожалостената мајка наводно се слушал низ целата улица по трагичната несреќа, а жителите на околните згради не можеле да спијат по глетката која ја сведочеле.

    – Знаеме дека децата, па дури и возрасните, може да се удават во рок од неколку секунди доколку се најдат во такви ситуации – заклучи Вер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img