More

    Скијачката сезона ќе трае 4 месеци

    spot_img

    Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола кое стопанисува со ски центарот „Нижо Поле“ е подготвено за инсталирање опрема за вештачки снег која ќе овозможи подолга скијачка сезона, изјави за МИА, Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“ Битола.

    Според Граматковски, потребата од продолжена скијачка сезона во ски центарот „Нижо Поле“ е потврдена со повеќе анализи и затоа со оптимизам се очекува да се добие градежна дозвола за реализација на проектот.

    – Навреме почнавме подготовка за иновации и нови техники во функција на ски центарот „Нижо Поле“. Имаме основен проект, поминати се сите институционални фази за реализација на проектот и очекуваме да добиеме градежна дозвола која ќе ни овозможи инсталирање опрема за вештачки снег на ски центарот „Нижо Поле“ – изјави Граматковски.

    Со користење вештачки снег на патеките од ски центарот „Нижо Поле“, ќе се продолжи скијачката сезона за неколку месеци, посочи Граматковски.

    – Со природниот, но и со вештачкиот снег, скијачката сезона ќе се одвива од декември до март, или за посетителите дури четири месеци ќе бидат на располагање скијачките патеки и друга туристичка понуда од нашето претпријатие. Проектот е од интерес на државата, градот, регионот и не се сомневам дека градежната дозвола ќе ја добиеме час поскоро, а потоа ќе ја инсталираме опремата и следната сезона ќе ја дочекаме поподготвени со можност за користење вештачки снег – нагласи Граматковски.

    Како што е познато, ски центарот „Нижо Поле“ овозможува дневно и ноќно скијање и инфраструктурно е уреден со безбеден паркинг за автомобили, информираа од ЈП „Стрежево“ Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img