More

    Досега милиони евра од џебот на граѓаните се слеаа во државниот буџет само поради замената личните карти, откако граѓаните беа информирани дека старите нема да важат по 12 февруари

    spot_img

    Досега милиони евра од џебот на граѓаните се слеаа во државниот буџет само поради замената личните карти, откако граѓаните беа информирани дека старите нема да важат по 12 февруари.

    Иако законските промени не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“, пишува Дојче веле.
    Само од почетокот на годината се издадени над 75.000 нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР.

    Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале над пет милиони евра во буџетот.

    Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img