More

    Скијачите во популарниот италијански ски-центар Цервинија доживеаја шок во петокот попладне кога времето нагло се промени и на патеката почна да дува силен ветер

    spot_img

    Скијачите во популарниот италијански ски-центар Цервинија доживеаја шок во петокот попладне кога времето нагло се промени и на патеката почна да дува силен ветер, јавува Би-Би-Си.

    Налетите на ветрот на италијанските Алпи достигнаа 110 километри на час за само неколку минути, поради што во популарниот ски-центар во Червинија жичарницата мораше да биде запрена и евакуирана.

     

     

    Застрашувачките снимки направени од посетителите покажуваат гондоли со скијачи кои се лулаат со таква сила што за малку ќе одлетале.

    „Некои луѓе се заробени во гондолата“, извести еден посетител на платформата Икс. Последните скијачи се симнаа по падината со многу слаба видливост низ вителот на снег, а Би-Би-Си објави дека луѓето биле заробени на најмалку една гондола од силните ветрови.

     

     

    И покрај застрашувачките моменти на нишање, сите безбедно стигнаа до својата дестинација, извести операторот на одморалиштето Цервина Спа.

    Жичницата беше затворена од безбедносни причини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img