(СКАНДАЛ)Закани со Пиштол кон медицински сестри ,демолирање на болнички инвентар ,дивеење во Охридксата Болница!Настанот сокриен од директорот на болницата

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мафтање со огнено оружје-Пиштол, закани кон вработениот медицински персонал,демолирање на умивалник и огледала во ординација ,се само дел од настанот кој се одвивал минатиот четврток во ЈЗУ Општа Болница,а кој по налог на директорот Асен Шајн не бил пријавен и бил сокриен од органите на прогонот?!

Вистинска драма се одвивала минатиот четвроток во ЈЗУ Општа Болница Охрид во одделот за Уво-Нос и Грло,од кое одделение доваѓа и ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Асен Шајн.Имено вработен во Охридската болница во приемно одделение,со својата мајка се упатил на лекарски предлег во оделот за Уво-Нос и Грло.Од кога лицето побарало неговата мајка да биде прегледана прекуредно,започнала расправија со медицинските сестри, од како добил одговор дека моментално нема Доктор и дека дежурниот доктор Асен Шајн кој е и ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница не бил појавен на дежурство и дека тие не може да го повикаат со образложение дека е директор и дека и тој имал право малку да одмори!!!Ваквиот одговор на медицинските сестри предизвикал револт и огорченост кај вработениот во Охридската болница во приемно одделение,кој барал лекарски преглед за неговата мајка , при што извадил Пиштол и започнл да се заканува кон вработениот персонал во одделот ОРЛ,при што со кундакот од пиштолот удил во лавабото и оглеалото во лекарската ординација и ги искршил.

Како што дознаваме веднаш бил известен дежурниот лекар во ОРЛ и ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Асен Шајн,кој послем 20 минути пристигнал во оделот за ОРЛ во Охридската болница.

ЕПИЛОГ:ДА СЕ СОКРИЕ НАСТАНОТ!!

Од како ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Асен Шајн и во случајов дежурен лекар на ОРЛ пристигнал на одделението ,наредил на сиот персонал да за наведениот настан ,никој не смее да дознае.До колку било кој од персоналот извести полиција или да изнесе на социјални мрежи делови или цел настан, веднаш ќе бил избркан од работа!!

Настанот воопшто не е пријавен во МВР,редакцијата Охридскај се обрати до СВР Охрид ,од каде добивме одговор ,дека кај нив нема ниту една пријава за ваков настан во Охридската болница,со образложение ,дека доколку имало таков настан , директорот на болницата,или било кој лекар ,медицинска сестра ,имале законска обврска да пријават настан , во спротивно истите прават кривично дело -прикривање на кривично дело , што е секако казниво со закон.

Реадкцијата Охридскај го повикува Јавното Обвинителство ,да постапи по институт ДОПРЕН ГЛАС,да го истражи случајот,да ги одземе записите од надзорните камери,да обави разговор ,а доколку има потреба редакцијата Охридскај им стои на располагање да им го обзнани идентитетот на сторителите на казнивото дело.

Share This Article