Скандалозна цензура во скопска градинка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Управниот одбор на градинката „Срничка“ на 15 мај одржал седница на која решил програмта за завршната приредба да се изведе во изменета форма, без песната „Нешто ќе те питам бабо”, за што раководителот на објетктот „Лале“ е задолжен да го извести воспитувачот. Не се наведени никакви причини зошто песната или кореографијата се исфрлуваат од приредбата.

Според читателката која ни ја испрати оваа одлука, спорно е спомнувањето на Гоце Делчев.

„Се мислев дали да пишам, но мислам дека за ова и тоа како треба да се запознаете, од причина што станува збор за цензура. Прочитајте го известувањето од директорката на детската градинка Срничка, каде неколку дена за завршната приредба на дечињата упорно забрануваше изведба на македонска песна „Нешто ќе те питам бабо”, од групата Некст тајм, или бараше да се изведе во скратена форма „без стихот каде се спомнува Гоце Делчев!? Се цензурира песна на познати и признаени уметници. Дали треба на деца ова да им се прави?“ – ни пишува читателката.

Наводно, за оваа постапка родители побарале вонредна родителска средба со раководителката, но таа не била прифатена.

Share This Article