More

    СКАНДАЛ во Судскиот совет на Македонија, дозволиле да судат судии митаџии кои имаат двојни државјанства Македонско и Бугарско!!?

    spot_img

    Случајот со барање или земање на мито од страна на судијата во Врховен суд Наке Горгиев, претставува само капка во морето за она што се случува во судско – обвинителската фела.

    Веќе јавна тајна повеќе години наназад претставува тоа што е познат тарифникот по однос на пресуди, се знае колку е првостепена пресуда, второстепена пресуда и на крај најскапата е онаа на судиите на Врховен суд!

    На пример, во Основниот суд во Охрид, првостепена пресуда има тарифа  од 2000 евра па нагоре, во зависнот од вредноста на спорот, така да еден судија кај кого беа две тужбени барања против спортска кладилница за милионски добивки, судијата пред пензионирање инкасирал 30.000 евра од тужената страна, па така, донел пресуда во корист на тужените со образложение дека станувало збор за софтверска грешка на приредувачот на среќа, ама не заборавил тужителите да ги задолжи да платат сусдки и адвокатски трошоци на тужениот со софтверска грешка износ од над 100.000 евра!…

    Судија со македонско и бугарско државјанство, дели правда во Основен суд Охрид!!

    Согласно законската регулатива во Македонија, судија нема право да има двојно државјанство, но едно е законот, а сосема друго е оној тип на закони во стилот :„Ми се може, ќе правам што сакам“. Истиот тој судија, кој за некој месец се спрема за пенизонирање, како и неговите претходници, се пуштил на најако да си обебзеди фамилија пред пензионирање, па така без судска пресуда, без рочиште овој „македонско-бугарски“ судија, носи пресуда за исплата на судски и адвокатски трошоци, повторно на спортската кладилница со софтверска грешка, пресуда на неговиот сега пензиониран колега и повторно над 100.000 евра, тужениот најмил половина од адвокатите на адвокатскиот роковник на Македонија во предметот против нив!!

    Се поставува отворено прашањето: Како е возможно Судкиот совет на РСМ и покрај тоа што бил известен дека судија во Основен суд Охрид има двојно државјаство, да не постапува кон негово разрешување?

    Доколку се отвори постапка, редакцијата Охридскај им стои на располагање на Судскиот совет на РСМ, да им достави име и презиме на судијата со двојно државјанство во нивните редови, како и докази за послужување во службата на истите овие судски „таленти“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img