СКАНДАЛ:Владата со предлог до Собрание преку измени на КЗ да се намалат затворските казни на функционерите,повеќе крадење ,помалку затвор!!!

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 (злоупотреба на службена положба и овластување) за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери, стои во текстот.

Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Share This Article