More

    Скандал ја тресе Агенцијата за палестински бегалци УНРВА при Организацијата на Обединетите Нации

    spot_img

    Скандал ја тресе Агенцијата за палестински бегалци УНРВА при Организацијата на Обединетите Нации (ООН). Откако беа објавени сомнежи дека лица од агенцијата пренасочиле средства за да се финансира нападот на групата Хамас врз Израел на 7 октомври, со кој започна конфликтот во Газа, осум од најголемите донатори на УНРВА се повлекоа од финансирањето, јавува Би-Би-Си.

    Но, шефот на УНРВА Филип Лазарини ги повика земјите да ја преиспитаат својата, како што рече, „шокантна одлука“ да прекинат со финансирањето, бидејќи над два милиони луѓе во Појасот Газа зависат од средствата „за чист опстанок“. Во реалноста, две третини од населението зависи од овие пари.

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е згрозен од оваа вест и дека „секој вработен во ОН вклучен во терористички акти“ ќе биде кривично гонет.

    – Од 12-те лица вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската воена операција во Појасот Газа, на деветмина од нив им е раскинат договорот, за еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на останатите двајца сé уште се утврдува – прецизираше Гутереш.

    Земјите кои сега го суспендираа финансирањето на УНРВА се Австралија, Канада, Финска, Германија, Италија, Холандија, Велика Британинја и САД.

    Скандалот следи откако Израел ја извести агенцијата УНРВА дека некои од нејзините вработени биле вклучени во смртоносните напади на групата Хамас. Израел долго време обвинуваше различни ограноци на ОН – вклучително и УНРВА – за пристрасност, па дури и за антисемитизам.

    Американскиот Стејт департмент објави дека го суспендира дополнителното финансирање на агенцијата на ОН, велејќи дека е „екстремно вознемирен“ од наводите.

    ЕУ соопшти дека ќе ги процени понатамошните чекори „врз основа на резултатот од целосната и сеопфатна истрага“.

    Агенцијата УНРВА е создадена во 1949 година како најголема агенција на ОН која работи во Газа. Таа обезбедува здравствена, образована и друга хуманитарна помош за Палестинците во Газа, Западниот Брег, Јордан, Либан и Сирија. Агенцијата вработува околу 13.000 луѓе во Газа.

    Откако Израел ја започна својата офанзива како одговор на нападите на Хамас, УНРВА ги користи своите капацитети низ Газа за да засолни стотици илјади раселени цивили.

    УНРВА вели дека се бори да добие хуманитарна помош за многу од околу 1,7 милиони луѓе – речиси три четвртини од населението – раселени поради 12-неделните борби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img