More

    Сиљановска Давкова на конференција во чест на професорот Ѓорѓи Марјановиќ

    spot_img

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ”, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

    Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

    Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

    – Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат – рече во обраќањето претседателката.

    Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот.

    Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да нѐ прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

    Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

    – Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата – рече претседателката Сиљановска Давкова.

    Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

    Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење”, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ” и Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

    За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови” од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ” од Бранко Секуловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img