„15-Корпус“ улица чија реконструкција беше главен предизборен адут на СДСМ во Охрид, постана улица синоним за криминална изведба, поточно, од оваа улица започнаа да излегуваат на виделина криминалната изведба на сообраќајници во Општина Охрид, од кои дејствија само АД Илинден Струга инкасирал над 5 милиони евра народни пари!?
Општина Охрид со дпис број 09-254/1 од 11.01.2022 се обратила до Јавното претпријатие за државни патишта на РСМ, во кој допис ги известила јавното претпријатие за големи девијации во изведбата на ул. „15 Корпус“ од страна на изведувачите АД Илинден Струга и КОП ДОО Скопје . Јавното претпријатие за државни патишта во наведениот проект се јавува како инвеститор со финансиска поддршка од Светска Банка. Вредноста на овој проект изнесуваше 3 милиони евра.
Јавното претпријатие за државни патишта по разгледвуањето пратено до Општина Охрид по писмен пат се обратило до главниот надзорен инженер кој извршил теренски увид на објектот при што достаиле негово лично мислење и констатации за настаната состојба, која заедно со фото документацијата го поднесуваат до Општина Охрид.
Акционерското Друштво ЕОС Консталтинг Рим Италија странска подружница во Македонија ЕОС Консталтинг до ЈП за државни патишта на ден 25.02.2022 година испраќа мислење по известување до Инвеститорот со бр. 09-739/1 од 25.02.2022 година во кое се вели:
„Согласно доставеното Известување од Ваша страна со бр.09-731/1 од 25.01.2022 година, примено во нашата архива под бр.05-8/3-1 на 14.02.2022 година, а во врска со Поправка и рехабилитација на државен пат А3 делница, Транзитен дел низ Охрид, Главниот Надзорен инжинер постапи согласно Вашата сугестија во известувањето.
Главниот Надзорен инженер на ден 18.02.2022 година изврши теренски увид на објекто и констатира дека на сите прилучоци и на делови од тротоарската конструкција има забележителни оштетувања на коловозната конструкција.
Имајќ во предвид дека на делот каде што се појавени деформациите на коловозната конструкција се одвива градежни работи надвор од нашата контрола
- Изградба на канализација и
- Нова инсталација за улично осветлување
и истите се изведуваа под надлежност на Општина Охрид со Изведувач и Надзорен орган одредени од нивна страна, со многу слаб интензитет заради што и завршувањето на нашиот објект беше пролонгиран повеќе пати.
Имајќи во предвид и дека согласно договорот делницата од главната траса која беше предмет на Поправка и рехабилитација се наоѓа во беспрекорна состојба без никакви деформации и оштетувања.
Од сето погоре изнесено Главниот Надзорен константира и е на мислење дека настанатите деформации (оштетувања) на коловозот кај приклучоците и тротоарската конструкција се настанати заради несоодветно изработено затрпување на равовите како и несоодветен квалитетот на материјалот со кој истите се затрпани од инсталациите кои не се предмет на наши активности на предметната делница, заради што сметам дека Општина Охрид треба да ги контактира Изведиувачите на тие инсталации“,изнесува во својот извештај Главен Надзорен инжинер Ѓуро Велковски.
Во прилог на извештајот , Акционерското Друштво ЕОС Консталтинг Рим Италија доставува и комплетна фотодокументација од извршениот надзорен увид на трасата на улица 15-ти Корпус:
ОПШТИНА ОХРИД НЕ ПРИФАЌА КРПЕЊЕ НА ДУПКИ, БАРА КОМПЛЕТНА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА!
Според сознанијата до кој дојде редакцијата Охридскај,изведувачот на градежните работи на улица 15- ти Корпус, АД Илинден струга изразил подготвеност да изврши делумно крпење на места каде се појавило потонување на коловозна и пешачка лента.Од страна на Општина Охрид , ваквиот педлог на АД Илинден Струга бил отфрлен и согласно догворите побарале комплетна ревизија долж цела траса на улица 15-ти Корпус,како и целосно преасфалтирање на цела делница во рамките согласно законот за градба на сообраќајници.Од Општина Охрид со право стравуваат дека ,поголем дел од делницата е работен спротивно сите нормативи и закони за градба и дека крпењето на појавените дупки, може да доведе до отварање на нови веднаш донив .
Слична е и состојбата со улицата АСНОМ, Јане Сандански, Абас Емин,на кој улици за само 7 месеци започнато е ерозивност на асфактната лента,и повторно и при изградбата на овие улици, како изведувач се појавува фирмата „Илинден“ Струга.